Модните ентузијасти ја преплавија француската престолнина за да бидат дел од Париската недела на високата мода. Меѓу нив е и Викторија Бекам.
42-годишната дизајнерка беше фотографирана низ улиците во Градот на светлината во сино-портокалова модна комбинација. Креациите се дел од нејзината колекција pre-fall 2017.







Славната сопруга на Дејвид Бекам сподели фотографии со ќеркичката Харпер за поддршка на женскиот марш кој пред два дена се одржуваше во повеќе градови во светот.

