Мадона обожава да шокира и да биде контроверзна. И нејзиниот настап во Истанбул го имаше тој „шок“-фактор.
53-годишната поп ѕвезда ја изненади публиката на големиот концерт во Турција со тоа што намерно ги покажа своите гради. Провокативната пејачка се соблекуваше на сцената и откако остана по градник, ја повлече чипката за да покаже малку повеќе од очекуваното.
Веднаш по разголувањето, таа продолжи со својот настап и испеа бавна пијано верзија на легендарната „Like a Virgin“.
На концертот присуствуваа 55.000 луѓе. Мадона е во Турција заедно со две од своите деца, а на сцената меѓу танчарите беше и нејзиното момче, 24-годишниот Брахим Зајбат.
Концертот е дел од светската турнеја на Мадона, „MDNA“.
Погледнете го настапот: