Мадона лудува низ Италија во видео записот за песната „Turn Up the Radio“. На почетокот на спотот, 53-годишната поп ѕвезда е опкружена од папараци кои се обидуваат да направат добра фотографија.
Потоа, Мадона започнува да танцува во винтиџ кабриолет додека по пат собира млади момци и провокативни девојки. Одвреме-навреме зад неа трчаат возбудени фанови кои го извикуваат нејзиното име. Во еден момент во видеото се појавува и нејзиното вистинско момче, 24-годишниот Брахим Зајбат.
„Мадона не старее“ – искоментираа многу нејзини обожаватели по појавувањето на спотот. И навистина, во видеото Мадона изгледа како млада девојка со ретро шминка и фризура инспирирана од стилот во 60-тите.