Мадона дефинитивно сака да остави силен впечаток со нејзината светска турнеја MDNA. Откако си ги разголи градите и задникот за време на претходните настапи, Мадона во Берлин тргна во друга насока – покажа тон емоции и пролеа крупни солзи.
Во видеото, 53-годишната пејачка изведува пијано верзија на хитот „Like A Virgin“. Во еден момент клекнува на сцената и започнува да плаче додека пее. Потоа, на сцената доаѓа танчар кој ѝ става корсет и силно ѝ ја престегнува половината.
Емотивната изведба ги воодушеви фановите на кралицата на поп музиката, кои продолжија да спорат дали Мадона беше понесена од емоциите и солзите се спонтани или пак се планиран дел од настапот. Што мислите вие: вистински или изглумени солзи?