Кајли Миног настапи на прославата организирана по повод 90. роденден на кралицата Елизабета II заедно со најпознатиот француски тренер на коњи Жан Франсоа Пињон. Нивната изведба во дворецот Виндзор доби силен аплауз, но најголемо внимание на социјалните мрежи привлече малото бело пони.
На сцената, Миног беше придружувана од оркестар.
Видео
47-годишната пејачка се појави на сцената во прекрасен бел фустан од колекцијата висока мода пролет 2016 на Ralph & Russo и изведе специјална верзија на познатиот хит „I Believe in You“.







На свеченоста, Миног пристигна со својот 28-годишен свршеник Џошуа Сас.



Подоцна, славната Австралија се пресоблече во виолетов долг фустан. Кајли, како и останатите изведувачи, ја имаше честа да се поздрави со кралицата.


Миног и Сас ја потврдија веста за свршувачката во февруари откако Кајли беше фотографирана со блескав прстен на раката.

