Разликата во години не е важна кога е во прашање љубовта. Кајли Миног го прифати предлогот за брак на Џошуа Сас.
47-годишната музичка ѕвезда и 28-годишниот актер ја потврдија веста за свршувачката откако Кајли беше фотографирана со блескав прстен на раката.
Парот е во врска околу шест месеци. Неодамна популарната пејачка ја коментираше големата разлика во нивната возраст. „Генералното мислење е дека изгледаме добро заедно. Иако на хартија можеби не изгледа добро, чувствуваме дека ова е вистинското. Тој е апсолутно брилијантно, брилијантно момче. Иако се обидувам да се однесувам кул и природно, на лицето ми се чита дека сум многу среќна“ – рекла таа.