Осум недели по раѓањето на нивното прво заедничко дете, Винсент Касел и Нара Баптиста за првпат беа фотографирани во јавност.
58-годишниот француски актер и неговата 28-годишна партнерка уживаа на плажа под сончевите зраци. Нивната авантура во Бразил беше уловена од неуморните папараци кои го следат секој чекор на славните личности. Заедно со нив беше и една од пораснатите ќерки кои Винсент ги има со Моника Белучи.









Нара се породи во јануари и роди момче кое го доби името Каетано. Каетано е прв син на Винсент, кој има три ќерки – две од бракот со Белучи и уште една со Тина Кунаки.




