Кендис Сванапул доживеа мала незгода додека дефилираше на ревијата на Живанши. За време на модното шоу во Њујорк, популарниот ангел на Victoria’s Secret падна.
Со помош на неколку од гостите од првиот ред, русокосата Јужноафриканка веднаш се исправи на нозе и продолжи напред.
„Му благодарам на тој што ме крена од пистата вечерва. Ми останаа мали гребнатинки, но и помодрено его“ – напиша Кендис на Instagram и објави фотографија од повредените колена.
Видео
Еден ден претходно, Сванапул беше фотографирана на забава организирана од Ријана.
Кендис не беше единствениот модел кој падна за време на ревијата на Живанши. Додека ги поминуваше скалилата поставени сред писта, една од манекенките падна на колена.