Бритни Спирс присуствуваше на доделувањето на Radio Disney Music Awards. Музичката ѕвезда беше почестена со наградата Icon Award, која ѝ беше врачена од нејзината помала сестра Џејми Лин.
На манифестацијата, 35-годишната пејачка носеше црн фустан од брендот Hamel, зад кој стои Мелина Џиновиќ, сопругата на пејачот Харис Џиновиќ.
Во својот стајлинг, Бритни додаде обувки од Le Silla и накит од Hueb и Djula.



Спирс доби поддршка и од своите два сина Џејден и Шон.









