Војвотката Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на служба во Вестминистерската опатија по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот.
33-годишната војвотка, која е во осмиот месец од бременоста, шармираше во отмена розова креација од модната куќа Александар МекКвин, шапка од Џејн Тејлор и нежни сатенски обувки.
На церемонијата присуствуваа и кралицата Елизабета II и принцот Чарлс со неговата сопруга Камила.
Ова е едно од последните кралски задолженија на Кетрин пред породувањето. Се очекува таа да се породи следниот месец.