Бијонсе и Џеј Зи ја понесоа со себе својата ќеркичка за да можат заедно да го проследат 66. издание на НБА „Ол-Стар“ натпреварот во Њу Орлеанс.
35-годишната музичка дива, која е бремена со близнаци, и петгодишната Блу Ајви во креации од модната куќа Гучи седеа до 47-годишниот рапер во првиот ред во големата сала.



















Бијонсе и Џеј Зи не беа единствените кои ја понесоа со себе својата ќерка. Џон Леџенд, кој настапи на полувремето на кошаркарскиот натпревар, беше придружуван од својата ќеркичка Луна.