Бијонсе со семејството се забавуваше во Музејот на сладоледот во Лос Анџелес. 35-годишната музичка дива, која е бремена со близнаци, го славеше Денот на мајката заедно со малата ќерка Блу Ајви, сопругот Џеј Зи и мајка си Тина Ноулс.
Облечени во речиси идентични цветни фустани од Долче и Габана, Бијонсе и Блу Ајви позираа за забавната импровизирана фотосесија.





















