Ирина Шајк патува од град во град за да ги исполни своите модни ангажмани, а Бредли Купер не ја остава без придружба. Популарниот актер присуствуваше на ревијата на Живанши во Париз и од првиот ред ја набљудуваше својата сакана додека дефилираше на пистата.
На модното шоу, кое се одржа во рамките на Париската недела на модата, беше претставена колекцијата есен/зима 2016-2017 на реномираниот француски бренд.






Славниот пар во изминатите денови повеќепати беше фотографиран како ужива на прошетки во Градот на светлината.








