Бред Пит направи интересна фотосесија за списанието „Interview“. 48-годишниот актер изгледа доста поразлично, присвојувајќи имиџ на страстен следбеник на Боб Марли со суканици, бандит, строг мафијаш кој не се плаши да го употреби пиштолот, како и елегантен заводник од стариот Холивуд.
Црно-белите фотографии се направени од славниот фотограф Стивен Клајн.
Во интервјуто кое го направил Гај Ричи, Бред признал дека семејството му е на прво место и дека внимателно ги бира новите проекти за да има смисла неговото отсуство од дома. „Сакам приказната да вреди многу за да го напуштам семејството. Тие ми се сè. Семејството е на прво место... А исто така не сакам да ги засрамам“ – рекол тој.
Бред признал и дека многу повеќе ужива додека работи како продуцент, отколку кога е пред камерата. „Преферирам да сум зад камера. Како продуцент си дел од тимот кој ја носи приказната на екранот“ – открил тој.
Познатиот актер во моментов го промовира најновиот филм „Killing Them Softly“.