Филмовите не се единствената страст на Бред Пит. Познато е дека холивудскиот актер има голем интерес за архитектура и е колекционер на модерен мебел. Затоа, многумина нема да ги изненади новата бизнис авантура на Пит – дизајнирање на мебел.
48-годишниот актер наскоро ќе ја претстави првата колекција мебел која ја дизајнираше во соработка со Франк Поларо. Колекција вклучува динамични маси (меѓу кои и мала масичка финиширана со 24-каратно злато), елегантни столови, егзотичен кревет од кој ќе бидат направени само девет и минималистичка када за двајца.
За Architectural Digest Пит изјавил дека не планирал да ги претвори своите скици во вистински мебел сè додека не го запознал Поларо. „Со Франк зборуваме на ист јазик. А, и двајцата сме склони кон пиење премногу вино“ – изјавил Пит.
Бред и Франк работеле на колекцијата една година, а се среќавале во винарската визба на познатиот актер каде останувале да разговараат по 7-10 часа.