Нови фотографии од Бред Пит поттикнаа бран коментари кај неговите фанови. 53-годишниот актер беше фотографиран во Лос Анџелес, а неговата видно ослабена фигура беше повод за шпекулации за неговата емотивна состојба.


Холивудската ѕвезда наводно целото време го поминува во свое уметничко студио. Под раководство на британскиот артист Томас Хаусаго, тој создавал скулптура.


Разводот на Бред и Анџелина Џоли е обвиен во драма. Од истрагата за злоставување на децата до борбата за старателство, најпопуларниот холивудски пар не успеа да ги зачува скандалите поврзани со разделбата подалеку од очите на јавноста.


Според странските медиуми, во последно време Анџелина и Бред интензивно се обидуваат „да ги закопаат секирите“ и за првпат по подолго време разговараат директно, а не преку свои претставници.

