Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бред и Анџелина си разменуваа нежности на SAG наградите

ФОТО: Бред и Анџелина си разменуваа нежности на SAG наградите

Најпознатиот холивудски пар секогаш изгледа воздржано и во многу ретки прилики ја покажува својата љубов во јавност. Доделувањето на SAG наградите (Screen Actors Guild Awards) беше поводот кој ги донесе Бред Пит и Анџелина Џоли повторно на црвениот тепих. За време на свечениот собир, погледите на двајцата актери беа насочени само еден кон друг.

Бред Пит и Анџелина Џоли

Парот беше во одлично расположение, но освен со веселиот дух, Бред и Енџи го привлекоа вниманието на фоторепортерите и со серијата бакнежи кои си ги разменија.

Бред Пит и Анџелина Џоли

36-годишната актерка носеше долг црн фустан од дизајнерката Џени Пекам додека гордо позираше покрај својот долгогодишен партнер.

Бред Пит и Анџелина Џоли Бред Пит и Анџелина Џоли

Бред Пит си ја зголеми насмевката откако Џорџ Клуни и неговата сакана Стејси Киблер им се придружија на црвениот тепих пред будното око на новинарите.

Бред Пит и Џорџ КлуниБред Пит и Џорџ Клуни Бред, Анџелина, Џорџ и СтејсиБред, Анџелина, Џорџ и Стејси

Иако Бред не успеа да се закити со награда, убавото расположение ги пратеше актерите до крајот на вечерта.

Виола Дејвис ја освои наградата за Најдобра актерка за филмот „The Help“, додека Жан Дижарден беше прогласен за Најдобар актер за учеството во филмот „The Artist“.

Филмот „The Help“ ја доби и престижната награда за Најдобра изведба од екипа во филм.

Екипата на „The Help“Екипата на „The Help“

90-годишната Бети Вајт ја доби наградата Најдобра актерка во комични серии за улогата во „Hot in Cleveland“, а за Најдобар актер во комични серии беше прогласен Алек Болдвин за улогата во „30 Rock“.

SAG наградите се сметаат за добар показател за тоа кој ќе ги освои Оскарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.