Блејк Лајвли активно ја започна промотивната турнеја за својот најнов филм „The Age of Adaline“.
27-годишната актерка, која роди девојче пред само три и пол месеци, блескаше во колоритни модни комбинации на неколку промотивни активности.
Во Лос Анџелес таа позираше во цветен фустан од Линдзи Торнбург и жолти обувки од Стјуарт Вајцман.
На прес-конференција во хотелот „Four Seasons“ во Беверли Хилс, Лајвли се појави со колоритно здолниште со пеплум од Роксанда Илинчиќ и виолетови сандали од Вајцман.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ го промовираше новиот филм и во канцелариите на Pinterest.