Бијонсе и Џеј Зи ја прославија шестгодишнината од бракот со тропско патување во Доминиканската Република.
Славната пејачка повторно ја крена завесата на нејзиниот приватен живот и сподели фотографии од семејниот одмор. На фотографиите Бијонсе безгрижно се забавува со сопругот и малата ќерка Блу Ајви и позира во различни костими за капење.
32-годишната музичка ѕвезда неодамна ја заврши својата светска турнеја. Во рамките на турнејата „Mrs Carter Show“, Бијонсе одржа над 100 концерти низ целиот свет од кои првиот беше во Белград во април минатата година.