Бијонсе сè почесто им дозволува на своите фанови преку фотографии да ѕирнат во нејзиниот приватен живот. Овој пат од семејниот албум 32-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии од роденденот на Блу Ајви и прославата за Нова година.
За вториот роденден на Блу Ајви, Бијонсе и Џеј Зи го изнајмиле Jungle Island, популарниот парк со животни и ботаничка градина во Мајами. На забавата присуствувале блиски пријатели и роднини на славното семејство.
Како и секогаш, на фотографиите лицето на малото девојче е сокриено или покажано половично.
Бијонсе сподели и фотографии од новогодишната прослава во вилата на Версаче во Мајами. На забавата со VIP гости, парот лудо се забавувал и не го напуштил подиумот за танцување. За прославата Бијонсе била облечена во црно-златна креација од Версаче.