Џеј Зи и група музички ѕвезди го лансираа сервисот за стриминг на музика Tidal. На настанот по повод стартувањето на сервисот присуствуваа бројни музичари, меѓу кои Бијонсе, Ријана, Мадона, Ники Минаж, Кание Вест, Алиша Кис, Daft Punk и Ашер.
Откако јавно ги потпишаа своите договори во Њујорк, ѕвездите продолжија да се забавуваат зад сцената. Ријана привлекуваше со модерна шик креација од Диор, додека Бијонсе го потенцираше својот сексапил во креација од Лакуан Смит и обувки од Џими Чу.
Џеј Зи стана сопственик на Tidal со купувањето на шведската компанија Aspiro за 56 милиони долари.