Бијонсе го покажува лицето на пораснатата Блу Ајви во документарниот филм „Life Is But a Dream“, кој премиерно ќе биде прикажан на HBO денес.
На сликата, 31-годишната ѕвезда ја држи во рацете малата ќеркичка која неодамна го прослави својот прв роденден.
Ова е првпат Бијонсе и Џеј-Зи да го покажат лицето на Бли Ајви по фотографијата која ја објавија веднаш по нејзиното раѓање. Очигледно е дека малото девојче наследило многу од цртите на лицето на својот татко.
Документарниот филм ќе открие многу приватни моменти од животот на Бијонсе.