Бар Рафаели се подготвува за нова улога во животот. Славниот модел наскоро ќе стане мајка.
Додека е во блажена состојба, 30-годишната Израелка се посвети на лансирањето на своја колекција. Рафаели со фотографија од трудничкото стомаче најави дека креираше колекција костими за капење во соработка со брендот Hoodies.
На фотографијата, Бар носи бикини со танга и нежно го гали својот стомак.
Пред две недели таа сподели со фановите на Instagram уште една фотографија од своето тело и изнуди многу комплименти.
Згодниот модел стапи во брак со Ади Езра во септември минатата година. Ова ќе биде прво дете на парот.