Бар Рафаели повторно е во блажена состојба. Само седум и пол месеци по раѓањето на првото дете, 31-годишната Израелка сподели дека е бремена со своето второ дете.
Познатиот модел ја соопшти веста со фотографија од трудничкото стомаче на Instagram.„Нешто се готви“ – шеговито напиша таа во описот.
Рафели и 41-годишниот Ади Езра стапија во брак во септември 2015 година, а ѝ посакаа добредојде на првата ќеркичка во август минатата година.
Својата прва бременост, Рафаели ја документираше со фотографии кои ги споделуваше со своите обожаватели на социјалните мрежи.