Бар Рафаели ја сподели на Instagram првата фотографија од свадбата со Ади Езра, а списанието „Hola“ објави дел од свадбениот албум.
„Најсреќниот ден во мојот живот! Се омажив за мојот најдобар пријател“ – напиша Рафаели под свадбената фотографија.
Парот се заколна на вечна љубов на 24 септември пред 300 гости во Израел. На фотографиите, 30-годишната манекенка изгледа како божица во елегантната бохо венчаница од Chloé. За свадбената прослава, таа се пресоблече во бел минималистички фустан со висок шлиц.
Популарната Израелка и 40-годишниот бизнисмен се верија во март годинава.