Поради работните обврски Анџелина Џоли и Бред Пит постојано патуваат, а ангажманите понекогаш не им дозволуваат да бидат заедно, бидејќи се на различни страни од светот.
40-годишната актерка беше фотографирана заедно со три од своите деца на аеродром во Лос Анџелес, додека 52-годишниот актер беше „уловен“ на прошетка со останатите три деца во Лондон.
12-годишниот Пакс, 11-годишната Захара и 9-годишната Шајло ја следеа својата мајка на аеродром во Лос Анџелес, за да се упатат кон својата следна дестинација. Шајло привлече големо внимание со својата блуза со Алберт Ајнштајн на која пишува: „Ајнштајн беше бегалец“.










14-годишниот Медокс и 7-годишните близнаци Нокс и Вивиен беа сликани со својот славен татко, откако се забавуваа во продавница за цртање и украсување на чинии во британската престолнина.




