Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје од својот живот. По разводот од Бред Пит, холивудската актерка засилено бараше нов дом за себе и шесте деца, а очигледно потрагата е завршена.
Според странските медиуми кои го следат пазарот за недвижности, Џоли е во завршна фаза од присвојувањето на имот во Лос Анџелес кој се продава за речиси 25 милиони долари.
Куќата, која му припаѓала на Сесил Б. Демил, вклучува 6 спални соби и 10 бањи, а е опкружена со прекрасна градина со базен и фонтани.



















