Работните ангажмани на Анџелина Џоли и Бред Пит ги растргнуваат на различни страни од светот и не им дозволуваат да поминуваат многу време заедно, па затоа често се шират гласини дека се разведуваат. Сега холивудските ѕвезди се заедно во Лос Анџелес и беа фотографирани по пазарењето во маркет со три од своите шест деца.
При пазарењето, на 41-годишната актерка, режисерка и хуманитарка и 52-годишниот актер и продуцент им помагаа 10-годишната Шајло и 7-годишните близнаци Нокс и Вивиен.












