Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли и Бред Пит на снимањето на филмот „By The Sea“

ФОТО: Анџелина Џоли и Бред Пит на снимањето на филмот „By The Sea“

Десет години по нивниот прв заеднички филм, Анџелина Џоли и Бред Пит се враќаат заедно на големото платно со „By The Sea“.

Романтичната драма е напишана и режирана од самата Џоли, а премиерата е закажана за ноември.

Новите фотографии им даваат можност на фановите да ѕирнат низ моменти од снимањето на филмот во Малта. Џоли и Пит започнаа со снимањето непосредно по нивната свадба.

By The Sea By The Sea

Во „By The Sea“ 40-годишната актерка глуми поранешна танчарка со име Ванеса, додека 51-годишниот актер влегува во улогата на Роланд, американски писател. Дејството се одвива во 70-тите години, кога парот се соочува со брачна криза.

By The Sea By The Sea

„Се фокусира на три пара, сите во различни фази од нивните животи. Во центарот се прашањата за тоа што им се случи на Роланд и Ванеса и зошто тие се на местото на коешто се“ – изјавила Џоли во интервју за People.

Претходно беа објавени фотографии од новата драма на кои се воочува тензијата меѓу брачните партнери.

By The Sea By The Sea By The Sea

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19675 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.