Анџелина Џоли и Бред Пит поминуваат низ брачна криза во првиот трејлер за филмот „By The Sea“.
Романтичната драма е напишана и режирана од Анџелина Џоли, а беше снимана во Малта. Премиерата е закажана за 13 ноември.
Дејството се одвива во 70-тите години, кога бракот на поранешната танчарка Ванеса (Џоли) и писателот Роналд (Пит) е пред распаѓање.