Амбер Херд го краси ноемвриското издание на „Harper’s Bazaar“ Русија. 27-годишната актерка од насловната страница шармира во бел фустан од Диор.
За едиторијалот „Ѓавол во ангелска облека“, Амбер позираше на плажа. Убавата актерка моментално го промовира својот најнов филм „Machete Kills“.
Амбер е девојката која го освои Џони Деп по неговата разделба од Ванеса Паради, со која беше во врска 14 години и со која има две деца.
Џони и Амбер се зближија за време на снимањето на нивниот филм „The Rum Diary“. Вчера тие беа фотографирани додека излегуваа од ресторан во Лондон. 50-годишниот актер уште еднаш ја покажа својата нова посветла фризура. Промената на неговиот изглед се верува дека е за неговата улога во „Into the Woods“.