На Адријана Лима не ѝ се потребни гламурозна облека и високи потпетици за да изгледа прекрасно. Убавиот ангел на Victoria’s Secret стана мета на објективите на папараците во Мајами, па фотографиите се доказ за таа може да изгледа фантастично и во најлежерната комбинација.
31-годишната мајка на две девојчиња беше фотографирана додека ги извршуваше секојдневните обврски.
Во текот на денот Лима се сретна со својот сопруг Марко Јариќ со кого ја продолжи прошетката низ Мајами.
Еден ден претходно Адријана ги поздрави своите обожаватели на Twitter со фотографија без шминка, која беше повод за бран комплименти.