Адријана Лима и Кендис Сванапул го вжештуваат септемврискиот каталог на Victoria’s Secret со својот сексапил. Згодните ангели позираат во сензуална долна облека, пижами и ноќници од новата колекција на познатиот бренд.
Најпознатите ангели моментално го разубавуваат градот на светлината. Во Париз тие снимаат нова реклама во која со сигурност ќе ги покажат своите крила, како и привлечниот изглед со кои ги заслужиле.