Адријана Лима цели 14 години ги разубавува каталозите и ревиите на „Victoria’s Secret“, а познатиот бренд очигледно нема намера во скоро време да му дозволи на својот најпопуларен ангел да одлета.
За најновите фотосесии за VS, 32-годишната Бразилка влезе и во улогата на незапирлива заводничка и во улогата на активна спортистка. На фотографиите Лима го истакнува своето тонирано тело во сексапилна долна облека, како и во комфорни хеланки, тренерки и спортски градници.