Софија Лорен не го пропушти промовирањето на календарот на „Pirelli“ во Милано, Италија. 79-годишната актерка грациозно зачекори на црвениот тепих пред почетокот на свечената прослава во блескав вечерен фустан.
Славната Италијанка е највозрасниот модел кој кога било има позирано за календарот на „Pirelli“. Таа на 72 години беше дел од календарот направен под диригентската палка на Инез ван Ламсверде и Винудх Матадин.
На промотивната забава присуствуваа и многу познати манекенки, како Ева Херцигова, Каролина Куркова, Бјанка Балти и Ана Беатриз Барос.