Мел Гибсон присуствуваше на доделувањето на наградите на Американскиот филмски институт благодарениe на неговото најново филмско дело „Hacksaw Ridge“. Познатиот актер и режисер пристигна на манифестацијата придружуван од својата девојка Росалинд Рос.
61-годишната холивудска ѕвезда и неговата 26-годишна избраничка го очекуваат своето прво заедничко дете.
Ова ќе биде деветто дете на Гибсон кој има шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.
На манифестацијата им се оддава чест на најдобрите филмови и телевизиски серии за годината што измина. „Hacksaw Ridge“, режиран од Гибсон, беше прогласен за еден од десетте најдобри филмови за 2016 година од Американскиот филмски институт.
Мел е номиниран во категоријата Најдобар режисер за Златен глобус, а дали ќе ја добие посакуваната награда ќе дознаеме на филмската манифестација која ќе се одржи денес.