Шерон Стоун плени со одмерен сексапил за „S Moda“. Во фотосесијата за новото издание на списанието, 57-годишната актерка повторно покажува дека за неа годините се само бројка.
Лоренцо Агиус ја фотографираше холивудската ѕвезда додека таа позираше во креации од брендови како Армани, Ели Сааб, Балман и Баленсијага и обувки од Кристијан Лобутин и Стив Меден.



Во интервјуто за списанието, Шерон изјавила дека не сака неудобна облека или обувки. „Сакам да се чувствувам комотно, па не купувам облека, накит или обувки кои се неудобни. Истото важи и за мојата коса. Моето мото е: Носете го тоа што прави да се чувствувате убаво“ – рекла таа.
„Тајната за доброто стареење е во забавата. Опкружете се со добри пријатели и исфрлете ги негативните луѓе и лошите навики“ – додала Шерон во интервјуто.
Како свои омилени брендови, Стоун ги издвоила Баленсијага, Том Форд, Гучи и Живанши.




