Шерон Стоун не дозволува годините да се прочитаат од нејзиниот изглед, ниту да го ограничат нејзиниот моден избор.
58-годишната актерка ја истакна импресивната фигура во црн фустан од велур со должина до под колената и со отсечок на стомакот, за време на гала вечера во хотелот „Beverly Wilshire“ во Лос Анџелес.
На настанот организиран по повод 30-годишнината од постоењето на Израелскиот филмски фестивал, на Стоун ѝ беше врачена наградата за достигнувања во кариерата.
Шерон беше фотографирана и со бремената Натали Портман, која пак беше почестена со наградата за постигнувања во филмската уметност.