Софија Вергара, која најголема слава стекна со улогата во серијата „Modern Family“, денес го прославува својот 43. роденден.
Вергара се вбројува помеѓу најубавите жени во светот, па не е изненадување што пред да започне да се пробива во филмската индустрија, таа беше професионален модел. Неодамна Софија беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните.
Згодната Колумбијка е мајка на едно дете, 22-годишниот Маноло, а моментално ја планира свадбата со атрактивниот актер Џо Манганиело.
Славната актерка за свечените прилики избира сексапилни креации кои ги истакнуваат нејзините облини. По повод нејзиниот роденден, погледнете 43 од нејзините најдобри изданија.








