Рејчел МекАдамс стекна уште една година животно искуство. Ѕвездата од „The Notebook“ денес ќе го прослави својот 38. роденден.
Како и многу други успешни актери, така и Рејчел, својата прва улога ја доби во телевизиска серија. Нејзина прва поголема филмска улога беше во комедијата „The Hot Chik“, во која глумеше покрај Роб Шнајдер. Оттогаш, славната холивудска ѕвезда има снимено бројни романтични и акциони филмови.
Пред неколку недели, познатата Канаѓанка го промовираше својот најнов филмски проект „Doctor Strange“.
За холивудските свечености, Рејчел не ризикува многу со стилскиот избор. По повод нејзиниот 38. роденден, потсетете се на 38 од нејзините највпечатливи стилски моменти.

















