Америка доби нова кралица на убавината. 17-годишната Тереза Скенлан од Небраска ја доби титулата Мис Америка на 90-тиот по ред натпревар за убавина.
Со тоа Тереза стана најмладата носителка на оваа титула по 1938 година, кога била определена возрасна граница за учество.
Свечената манифестација на која се натпреваруваа 53 убавици се одржа вчера во Лас Вегас.
Тереза ги освои членовите на жирито откако покажа дека е одлична пијанистка и откако прошета по сцената по црн костим за капење и бела вечерна тоалета. Нејзиниот став во однос на Wikileaks, т.е. дека безбедноста треба да биде секогаш пред правото на јавноста за пристап до владини информации, сигурно ѝ обезбеди дополнителни поени.
Младата Тереза освен што ја доби тијарата од минатогодишната победничка Кареса Камерон, освои и награда од 50 000 долари.
Мис Арканзас, Алис Иди, како второпласирана доби 25 000 долари, а Мис Хаваи, Џели Фјушилер, за третото место освои награда од 20 000 долари.