Вистински бејби бум се случи во 2024 година во една противпожарна станица во Аризона.
На 18 пожарникари им се родија 19 деца во помалку од една година. Пожарникарите станаа хит на социјалните мрежи откако снимија заедничка фотосесија со своите бебиња во станицата во којашто работат.
„Од борба со пожарите до менување пелени. 18 пожарникари им посакаа добредојде на овој свет на 19 бебиња во 2024 година. Четворица не се фотографирани“ – напишаа од станицата.
Од бебињата 13 се женски, а само 6 се машки.
„Ова ми е второ виножито-бебе, па е многу голема работа за мене и за мојата сопруга“ – рекол среќниот татко Доналдо Лопез.
Во станицата има 240 вработени лица.