Кајли Џенер го прескокна црвениот тепих на премиерата на „A Complete Unknown“, но веднаш по неа му се придружи на својот сакан Тимоти Шаламе на романтична вечера во Париз.
27-годишната риалити ѕвезда и 29-годишниот актер беа фотографирани додека за рака се упатуваа кон ресторанот „Cyril Lignac“. Кајли носеше црн аутфит, додека Тимоти беше облечен во истиот стајлинг кој го носеше и на премиерата на својот најнов филм.
Парот ја започна својата врска во 2023 година, а нивното последно заедничко појавување беше на доделувањето на наградите Златен Глобус, на кои тој беше номиниран за Најдобар актер за портретирањето на Боб Дилан. На настанот тие си разменија бакнежи и привлекоа големо внимание.
Извор близок до парот за странските медиуми изјави дека Кајли дефинитивно си ја замислува иднината со Тимоти.
„Кајли чувствува дека Тимоти е многу поразличен од сите нејзини бивши со кои се состанувала во минатото“ – рекол изворот.