Необичните бели кошули се ултра модерни, па и Криси Тиген не одолеа на нивниот посебен шмек.
31-годишната сопруга на Џон Леџенд во центарот на својот стајлинг стави долга кошула од колумбискиот дизајнер Естебан Кортазар. Целосниот изглед таа го надополни со високи чизми од брендот Le Silla, чанта од The Row и огледални очила за сонце со потпис на Викторија Бекам.




Криси беше фотографирана во Вест Холивуд додека се упатуваше во слаткарницата која е ангажирана за тортата за првиот роденден на нејзината ќерка Луна.


