Фахрие Евџен и Бурак Озчивит го одведоа синчето Каран на предновогодишно патување во Франција.
Популарниот турски пар сподели фотографии од посетата на Колмар и Стразбур заедно со петгодишното синче. Среќното семејство посети познати дестинации и новогодишни базари пред да се упати на вечера во ресторан.
Атрактивната актерка кај нас е позната по улогата на Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, а Бурак се прослави со улогите во повеќе турски серии како „Величествениот“ и „Карасевда“.
Фахрие и Бурак стапија во брак во 2017 година и имаат две деца.