Марго Роби сјае како идна мајка. Холивудската ѕвезда не ја пропушти премиерата на филмот „My Old Ass“, кој го продуцираше заедно со сопругот Том Акерли.
За свеченоста таа избра тесен фустан кој максимално ги истакна нејзините облини и минимална шминка која ја акцентираше нејзината природна убавина.
Популарната актерка е во последниот триместар од бременоста. Ова ќе биде прво дете за Марго и Том кои се во брак од 2016 година.