Метју Меконахи се прослави како мускулест заводник од романтични филмови.

Но, во последните неколку години, неговиот имиџ потполно се промени. Сериозните улоги, одличната глума и подготвеноста за физички трансформации го поставија меѓу најпочитуваните актери на денешницата.
Неговите физички трансформации за улоги привлекуваат огромно внимание. Откако тој ослабе 17 килограми за улогата во „Dallas Buyers Club“ и изгледаше како да е „кожа и коски“, 47-годишниот Американец отиде во другата крајност и се здебели до речиси 100 килограми за улогата во новиот филм „Gold“.
Метју на снимањето на Dallas Buyers Club (лево) и на Gold (десно)
Со одличната глума во „Dallas Buyers Club“, тој заслужено го доби својот прв Оскар за Најдобар актер во 2014 година.

Дејството во „Dallas Buyers Club“ се одвива во 1985 година и ја раскажува вистинската приказна за Рон Вудруф (Метју Меконахи). Рон е човек заболен од ХИВ/СИДА на кого докторите му прогнозираат уште 30 дена живот.
Погледнете фотографии од драстичната трансформација на Меконахи:









Трејлер за „Dallas Buyers Club“
По големиот успех, холивудската ѕвезда пред себе имаше нов предизвик – улогата во филмот „Gold“. Во него, Меконахи глуми неуспешен бизнисмен кој ќе тргне во потрага по злато во џунгла во Индонезија.
За овој филм, Метју ја покачил својата телесна тежина за 18 килограми и тежел речиси 100 килограми. Во шоуто на Елен Деџенерис, тој изјави дека процесот на дебелеење бил забавен, бидејќи јадел чизбургери и пица и пиел пиво секогаш кога ќе посакал, но потоа призна дека губењето на килограмите не било баш забавно.
Нему ми биле потребни 8 месеци за да се здебели доволно за филмот, а 6 месеци напорен тренинг и здрава исхрана за да се врати повторно во добра физичка форма.









Трејлер за „Gold“
Премиерата на „Gold“ е закажана за 27 јануари следната година.