Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Трагично почина ѕвездата од „Friends“: Метју Пери пронајден мртов во џакузи

Трагично почина ѕвездата од „Friends“: Метју Пери пронајден мртов во џакузи

Почина Метју Пери. Актерот, кој сите го знаеме како Чендлер Бинг од серијата „Friends“, бил пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес од неговиот асистент.

Според првичните информации до кои дојдоа странските медиуми, Пери бил во бесознание кога пристигнала брзата помош. Немало траги од насилство и не била пронајдена дрога. Наводно, причината за смртта била давење во џакузи.

Пери имаше само 54 години.

Метју Пери Метју Пери

Харизматичниот актер беше најпознат по улогата на Чендлер во „Friends“ (Пријатели), а беше ѕвезда или гостуваше во бројни ТВ проекти како „Boys Will Be Boys“, „Growing Pains“, „Silver Spoons“, „Charles in Charge“, „Beverly Hills, 90210“, „Home Free“, „Ally McBeal“ и „Scrubs“.

Имаше снимено и повеќе филмови меѓу кои и „Fools Rush In“, „The Whole Nine Yards“, „Three to Tango“, „The Kid“ и „17 Again“.

Иако на екраните пленеше со веселоста, зад камерите водеше тешка битка со алкохолизмот и зависноста од опоиди. Во своите мемоари, тој призна дека започнал да пие од 14 години и според негова проценка, имал потрошено околу 7 милиони долари за да остане трезен. Неколку пати престојуваше во центри за рехабилитација, но не успеваше да се ослободи од зависноста. Како последица на тоа, имаше редица здравствени проблеми.

Зависноста од алкохол на Пери започнала да се забележува уште од почетокот на снимањето на „Пријатели“, кога тој имал 24 години. „Но, кога наполнив 34 години навистина влегов во многу неволји. Имаше периоди кога бев трезен. Деветтата сезона беше година кога цело време бев трезен. Погодете во која сезона бев номиниран за најдобар актер? Си помислив дека тоа треба да ми каже нешто“ – имаше изјавено тој.

Метју Пери Метју Пери

Во цутот на „Пријатели“, имало моменти кога Пери земал по 55 апчиња „Викодин“ дневно и ослабел 58 килограми. За тие моменти, Пери имаше споделено: „Не знаев како да престанам. Не можев да престанам, бидејќи болеста и зависноста се прогресивни. Станува сè полошо и полошо како што стареете“.

Минатата година тој откри дека бил во кома две недели и престојувал во болница со месеци поради перфорација на дебелото црево како последица на прекумерна употреба на опоиди, а девет месеци носел кеса за колостомија.

„Докторите му рекоа на моето семејство дека имам 2 проценти шанси да преживеам. Бев поставен на ЕКМО машина, која го врши целото дишење наместо твоето срце и белите дробови. Тоа се нарекува Аве Марија. Никој не го преживува тоа... Таа ноќ петмина беа поставени на ЕКМО машини и другите четворица починаа, само јас преживеав. Па, големото прашање е зошто? Зошто само јас? Мора да има некоја причина за тоа“ – раскажа тој.

Неговата желба беше со споделувањето на сторијата за зависноста да им помогне на сите кои се соочуваат со таков проблем.

Метју Пери Метју Пери

Пред само 5 дена, во неговиот последен Instagram пост, тој објави фотографија на која се релаксира во џакузи.

Метју Пери

Во неодамнешно интервју, Пери изјави дека сака да биде запаметен „како типот кој го живееше животот, љубеше добро, живееше добро и им помагаше на луѓето“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.