Метју Пери го продава својот луксузен пентхаус во Лос Анџелес за 27 милиони долари.
„Mansion In The Sky“ се протега на целиот 40-ти кат од зградата „The Century“, каде живеат бројни славни личности. Станот опфаќа површина од 860 метри квадратни и има 4 спални соби, 8 бањи и четири тераси со феноменален поглед од 360⁰ кон „градот на ангелите“.
50-годишната ѕвезда од „Пријатели“ го купи домот во 2017 година за 20 милиони долари и го реновираше по свој вкус. Во него, тој додаде импресивна колекција сувенири од својот омилен суперхерој Бетмен.