Џиџи Хадид и Зејн Малик не пропуштија да го одбележат 4-тиот роденден на ќеркичката Каи.
Поранешниот пар сподели слатки фотографии на овој важен ден и конечно го откри целосното име на девојчето – Каи Малик.
29-годишниот модел и 31-годишниот пејач напишаа слатки пораки во кои велат дека се горди родители на Каи.
„Денес е 4-тиот роденден на нашето девојченце и славиме цела недела. Таа обожава животни, музика, бебето Јода, сите нешта од природата, бубачки, сè што е меко и минијатурно и ако е можно, да биде во вода од утро до мрак. Љубопитна е, авантуристка, грижлива и многу духовита. Каи ти си најголемата радост во мојот живот и се гордеам што ти сум мајка. Фала ти за најдобрите четири години од мојот живот. Ме потсетуваш да го живеам животот во целост секој ден, на наједноставните и најубавите начини. Твоите можности се бесконечни, моја најслатка љубов“ – напиша Џиџи.
„Среќен роденден на најважната личност во мојот живот, те сакам повеќе отколку што можам да изразам со зборови. Повеќе од горд сум да те викам моја ќерка... Благодарен сум за секоја секунда која ја поминувам покрај тебе, додека стануваш неверојатната личност којашто знам дека веќе си. Пред четири години ми го промени животот засекогаш и без тебе не би бил човекот кој што сум денес“ – напиша Зејн.
Џиџи и Зејн започнаа да се состануваат на крајот на 2015 година. Тие имаа раскинато повеќепати пред да потврдат во април 2020 година дека го очекуваат првото дете. Каи се роди во септември 2020 година.
Тие раскинаа во октомври 2021 година откако се дозна дека тој ја удрил и навредувал мајката на Џиџи, Јоланда. Хадид во моментов е во врска со актерот Бредли Купер.